„Уделот на вработените кои делумно работеле од дома во 2025 година благо се зголеми во споредба со претходната година“, објави германскиот Федерален завод за статистика.
Меѓутоа, додека за време на кризата со коронавирусот речиси 40 проценти од оние кои работеле од дома го поминувале целото работно време во домашна канцеларија, сегашните бројки се однесуваат и на оние кои само понекогаш работат од дома.
Пред пандемијата, 13 проценти од вработените делумно ја користеле можноста за работа од дома. Сепак, процентот на оние кои работат од дома сè уште варира значително од сектор до сектор.
Највисок процент е забележан во ИТ секторот и администрацијата, а најнискиот процент се однесува на угостителството и градежништвото. Исто така важи правилото: колку е поголема компанијата, толку е поголем процентот на оние кои работат од дома.
Според Заводот за статистика Германија, со своите 25 проценти вработени кои повремено или целосно работат од дома, е малку над просекот на Европската Унија од 23 проценти.
Највисок процент на вработени кои работат од дома е забележан во Холандија (52 проценти) и Шведска (42 проценти), додека во Романија и Бугарија само четири проценти од вработените работат од дома. Од зголемувањето на цените на енергијата во Германија, работењето од дома сè повеќе се истакнува како една од мерките за заштеда на гориво.






