среда, 22 април 2026

Кривични пријави за вонбрачен живот со дете и силување на малолетничка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со „вонбрачен живот со дете“, а во еден случај и за „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Објавено на

часот

Сподели

Пријави се поднесени против О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38), против Н.П. (27) од струмичко село, како и против О.П. (49) од струмичко село.

Според информациите, О.Л. и Н.Л., како родители, дозволиле нивната малолетна ќерка од септември 2023 година да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила дете. Воедно, од март 2024 година, тие дозволиле и нивната втора малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со О.П..

Против Н.П., покрај за „вонбрачен живот со дете“, е поднесена пријава и за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, додека против О.П. се товари за „вонбрачен живот со дете“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ