среда, 22 април 2026

Христов од Штип освои бронзен медал на Менделеевата олимпијада по хемија во Москва

Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.

Објавено на

часот

Сподели

„Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди.

Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси“, велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.

Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ