Како што информираат од МВР, на 21 април 2026 година во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденикот пријавил дека пред околу два месеци бил контактиран од К.К., кој му ветил посредување за намалување на казната.
За возврат, осуденикот во неколку наврати му исплатил вкупно 890.000 денари. Откако сфатил дека станува збор за измама, случајот го пријавил во полиција.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






