среда, 22 април 2026

Вардар поднесе иницијатива јужната трибина на „Градски“ да се вика – Васил Рингов

ФК Вардар денеска поднесе иницијатива до премиерот државните институции за именување на јужната трибина од Националната арена „Тодор Проески“, предлогот е да се вика „Васил Рингов“.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата е поднесена до Владата, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, Македонскиот Олимписки комитет…

Од Вардар посочуваат дека ваквиот потег претставува достојно признание за придонесот на Рингов, но и чекор кон зачувување на спортската традиција и колективната меморија. Според клубот, именувањето на трибината би имало трајна симболика и би служело како инспирација за идните генерации спортисти и љубители на фудбалот.

Во соопштението се нагласува дека чествувањето на истакнатите спортски личности со институционална поддршка придонесува за зајакнување на националниот идентитет и континуитетот во развојот на македонскиот спорт. Доколку иницијативата биде прифатена, Вардар најавува организација на меѓународен пријателски натпревар со еминентен противник, кој би се одиграл на денот на официјалното именување на трибината „Васил Рингов“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ