Младиот Французин падна директно на лице по еден удар кон кошот и дуел со Џру Холидеј, му требаше речиси половина минута да дојде до седечка положба, а речиси цела минута да стане. Добрата работа е што сам отиде во соблекувалната, меѓутоа, Спарс кратко потоа објавија дека е подложен на протокол за потрес на мозокот и нема да се врати на теренот.
По натпреварот во кој Спарс беа поразени од Портланд, тренерот Мич Џонсон изјави дека на неговиот играч му е дијагностициран потрес на мозокот, што значи дека ќе има 48 часа одмор, а теоретски би можел да игра во третиот натпревар од серијата со Блејзерс, кој се икгра ноќта помеѓу петок и сабота (04:30 часот).
Евентуалното отсуство на Вембанјама би бил огромен хендикеп за Сан Антонио. Кога излезе, резултатот беше 34-32 во корист на гостите од Портланд, домаќините имаа +14 во последната четвртина, но ривалот успеа да направи пресврт и да победи со 106-103 со што израмни на 1-1.
Victor Wembanyama (concussion protocol) is OUT for the remainder of the game after hitting his head on the court. pic.twitter.com/qP8tAf6osN
— NBA on NBC and Peacock (@NBAonNBC) April 22, 2026






