среда, 22 април 2026

Иран нападна контејнерски брод покрај брегот на Оман: „Ги игнорираа предупредувањата“

Иранската исламска револуционерна гарда отвори оган врз контејнерски брод покрај брегот на Оман. Според извештајот на Обединетото Кралство за поморска трговија (УКМТО), нападот предизвикал „голема штета на мостот“, но екипажот е безбеден, пренесува Гардијан.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

УКМТО најави дека ќе објави повеќе информации подоцна.

Иранската војска потврди дека интервенирала против контејнерскиот брод, но нивниот опис на настанот се разликува од британскиот. Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека воените сили го спровеле „морскиот закон“ откако бродот ги игнорирал повторените предупредувања.

Од друга страна, според УКМТО, кое се повикува на изјава од капетанот на бродот, воен чамец на Иранската револуционерна гарда се приближил до бродот, по што бил отворен оган. Инцидентот се случил околу 28 километри североисточно од брегот на Оман. И покрај обемната штета на мостот, нема извештаи за пожар или влијание врз животната средина, а сите членови на екипажот се безбедни.

Нападот доаѓа во време на дополнителна ескалација во регионот на Персискиот Залив, при што Техеран упати нови закани за напади врз американски и израелски цели, и покрај продолженото примирје.

Во исто време, Доналд Трамп го продолжи примирјето во последен момент и покрај претходните најави за можно бомбардирање. Вашингтон вели дека блокадата на иранските пристаништа и извозот на нафта останува на сила, а врз Ирак се врши дополнителен притисок со прекин на финансиските исплати.

Иранската страна тврди дека Трамп со овие потези само купува време за можен изненадувачки напад, додека преговорите во моментов се во застој бидејќи Техеран сè уште нема унифициран предлог за прекин на конфликтот. Сето ова се случува додека стотици бродови сѐ уште се блокирани во регионот, а безбедносните ризици за поморскиот сообраќај брзо се зголемуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ