Лејкерс овие натпревари ги игра без Дончиќ и Ривс, а во нивно отсуство Леброн се покажува како вистински лидер и покрај годините и го носи тимот до резултати.
Тој беше најдобар стрелец со 28 поени, имаше осум скокови и седум асистенции, Смарт реализираше 25 поени. Кај Хјустон најефикасен беше Дурант со 23 поени.
Серијата сега се сели во Хјустон каде се играат третиот и четвртиот натпревар.
Резултати:
Бостон – Филаделфија 97-111
Сан Антонио – Портланд 103-106
ЛА Лејкерс – Хјустон 101-94






