вторник, 21 април 2026

Фалсификувана полска возачка дозвола откриена на Табановце

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на скопското село Сарај, поради сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат надлежните, на 10 март 2026 година на граничниот премин Табановце, при влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола издадена во Полска.

Случајот е предаден на понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ