Во победничкиот тим членуваа учениците Михаил Јачовски, Аника Манасијевска, Максим Ампов, Лара Нелковска, Мартин Ивановски кои преку креативен пристап и иновативни идеи дадоа пример за тоа како младите можат активно да придонесат кон заштита на животната средина.
Исто така, тимот составен од учениците Михаил Лазаревски, Лука Ристески, Нора Кус-Иванова, Марина Талевска и Нина Ќуркчиева се истакна со одлична работа, креативност и тимска соработка и покажа високо ниво на знаење и посветеност во текот на целиот настан.
Ментор на тимовите е Татјана Ѓеоргиевска, чија поддршка и насоки беа клучни во реализацијата на ова достигнување. Поддршка даде и Соња Казакова, педагог на училиштето, која активно даде придонес во текот на целиот настан, соопшти Општина Карпош.






