Францускиот шампион претходно ги поместуваше обврските во Лига 1 за да се фокусира на настапите во Лига на шампиони, каде ја брани титулата. Така беа одложени дуелите со Нант, Стразбур и Ленс, но сега доаѓа цехот. Тренерот Луис Енрике јавно реагираше на густиот распоред, нагласувајќи дека тимот нема друг избор освен да ротира.
„Ќе играме натпревари на секои три дена, мора да го пребродиме тоа како тим. Денеска сменивме шест играчи бидејќи моравме и ќе продолжиме така. Ако тоа не го разбирате, тогаш не разбирате ништо. Мораме да одиграме девет натпревари во 27 дена, што очекувате да направиме? Лесно е по пораз да се каже дека сме потфрлиле, но ќе се обидеме да победиме во двете натпреварувања. Тоа ни е приоритет. Го кажувам она што секој тренер би го кажал, а вие анализирајте дали е вистина или не“, изјави Енрике.
Во наредниот период „светците“ ќе се соочат со Нант, Анже, Баерн Минхен, Лориент, Брест и повторно Ленс, пред да ја затворат сезоната со дуел против Париз.






