Македонската машка репрезентација е предводена од селекторот Горан Кузманоски, а првиот меч го играме против Бугарија со почеток од 10:30 часот. Во нашата група се уште и Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија.
„Голема благодарност до организаторот што се одржува едно вакво првенство во Македонија. Морам да напоменам дека спорт број еден во Македонија е ракометот. Ќе ми биде чест да бидам селектор на ова големо првенство и на репрезентацијата. За нас ќе значи многу бидејќи пред неколку дена дојдовме од Медитеранските Игри каде го осовивме петтото место. Ова Светското училишно првенство ќе биде голем плус за воигрување пред настапот на Европското првенство, иако има мали измени и се игра двапати по 25 минути со 14 играчи во составот без измени. Имаме неколку повредени играчи, но сепак имаме ростер. Ќе настапиме во најдобро светло на ова првенство, знам дека амбициите и очекувањата на јавноста се да завршиме на најдобро место, но сепак не смееме да потецениме ниту една држава, ниту едно училиште, не знаеме со каков состав ќе дојдат, имаме најави дека дел од државите ќе настапат со репрезентации. Грузија ќе дојде со ракометната Академија, добро е познато дека оваа земја бележи голем напредок. Саудиска Арабија има свои стил на игра, сигурно доаѓа со амбиции да запише голем успех. Морам да напоменам дека не смееме да ја потцениме Бугарија која на Медитеранските игри се покажа во одлично светло, Република Српска исто така е квалитетен противник. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани да заборавиме на заморот од Медитеранските Игри каде имавме напорно темпо, се надевам за добар успех. Пред да зборувам за пласман би сакал да потенцирам дека ова првенство ќе биде добредојдено за создавање на пријателство помеѓу учeниците“, изјави Кузманоски.
Од 10:30 часот игра и нашата женска репрезентација, македонските девојчиња ќе се сретнат со Белгија во салата „Крсте Мисирков“ во Ченто. Во нашата група се уште и селекциите на Грузија и Словачка.






