среда, 22 април 2026

Орбан реагираше на одлуката на Европскиот суд на правдата: Ги штитевме децата од ЛГБТ пропагандата

Унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан ја коментираше одлуката на Европскиот суд на правдата порачувајќи дека унгарската влада ги заштитила децата од агресивната ЛГБТ пропаганда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата патриотска влада ги заштити унгарските деца од агресивна ЛГБТ пропаганда. Сега бриселската империја го возвраќа ударот. Нема да се откажеме од борбата за душата на Европа“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Европскиот суд на правдата претходно денес пресуди дека унгарската влада во заминување го прекршила законот на Европската Унија со донесување прописи кои забрануваат или ограничуваат пристап до ЛГБТ содржини и што ги стигматизираат и маргинализираат геј и трансродовите лица.

Судот соопшти дека Унгарија го прекршила Член 2 од Договорот за ЕУ, кој ги дефинира основните вредности на Унијата. Исто така, се вели дека унгарските прописи ја прекршуваат слободата на обезбедување и примање услуги, како и законите за заштита на податоците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ