среда, 22 април 2026

Македонските кадети и кадетки со убедливи победи го отворија СП во Скопје

Македонските репрезентации победија на стартот на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската машка кадетска репрезентација убедливо ја победи селекцијата на Бугарија со 33-18 (11-8). Избраниците на Горан Кузманоски одиграа убедлив натпревар и водеа од стартот, па тоа на крајот го материјализираа со победа.

Во второто коло кадетите ќе се судрат со Грузија во 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“.

Женската кадетска селекција славеше во својот дуел против Белгија со 33-12. Избраничките на Даниела Новевска Велјановска одиграа моќен натпревар и сигурно победија против Белгијките во скопската општина Гази Баба. Следниот натпревар девојките го играат утре во 10:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ