среда, 22 април 2026

Охриѓанец приведен во парк со дрога, дома му пронашле оружје и муниција

Службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид вчера лишија од слобода лице од Охрид, кај кого биле пронајдени дрога, оружје и муниција.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението на МВР, вчера во 11 часот во парк во Охрид од слобода бил лишен Б.Х.(51) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна по наредба од Основен суд – Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „пиетро берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ