Бројката се споредува со 40 милиони во 2010 година, се вели во извештајот, повикувајќи се на податоци од Евростат и Агенцијата за бегалци на Обединетите нации.
Германија остана земја-членка со најголем број лица родени во странство, речиси 18 милиони, од кои 72 проценти од населението се на работоспособна возраст, додека Шпанија забележа најбрз неодамнешен раст, со зголемување од околу 700.000, со што бројот на жители родени во странство достигна 9,5 милиони, објави Ројтерс.
„Германија останува главна дестинација за мигрантите во Европа, и во апсолутни бројки и, во значителна мера, во однос на нејзиното население“, рече Томасо Фратини, еден од авторите на извештајот.
Студијата покажа дека миграциските модели се нееднакви низ цела ЕУ, при што Луксембург, Малта и Кипар имаат поголем процент на имигранти во однос на големината на нивното население.
Барањата за азил се исто така концентрирани во одредени земји, при што во Шпанија, Италија, Франција и Германија биле речиси три четвртини од сите барања. Германија прими најголем број бегалци вкупно, 2,7 милиони.






