среда, 22 април 2026

Вујо ги повика вардарци: Дојдете и бодрете го најголемиот клуб кој го дала Македонија (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Вардар ќе го одбележи 65. роденден на клубот на градското дерби против Алкалоид во Суперлигата.

Објавено на

часот

Сподели

Овој натпревар кој ќе има и свечен карактер пред своите навивачи. По тој повод, до јавноста се обрати клупската легенда и поранешен тренер Веселин Вујовиќ, кој испрати јасна порака до сите симпатизери на „црвено-црните“.

Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид, Тоа е меч на кој ќе се одбележи 65 години од основањето на клубот – најголемиот клуб која го дала Македонија. Ги повикувам сите навивачи, сите „Комити“, сите љубители на ракометот, за заедно да го прославиме 65. роденден“, кажа Вујо во видео-пораката.

Дербито ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во четврток со почеток од 18:00 часот, а организаторите најавија и дополнителна програма за посетителите. Час и половина пред стартот на натпреварот, на платото пред арената ќе биде отворена фан-зона, каде што навивачите ќе можат да се загреат за атмосферата и заеднички да го прослават јубилејот на најтрофејниот македонски ракометен колектив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ