Како што информира Генералштабот на Армијата, активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженериска поддршка на активностите. Со ова се нагласува координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата.

Во текот на активностите, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, извршија обиколка на контролата на вежбата, со сите нејзини елементи, при што беше согледан степенот на реализација на поставените задачи на терен.







