четврток, 23 април 2026

Митревски и во наредните две сезони ќе го брани голот на Пелистер

Македонскиот репрезентативен ракометен голман, Никола Митревски го продолжи договорот со битолскиот клуб за уште две години.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометниот клуб Пелистер го потврди продолжувањето на соработката со Митревски.

„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.
Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.“, се вели во соопштението на РК Пелистер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ