четврток, 23 април 2026

Објавен тендер за надзор на изградбата на пругата кон Бугарија, работите на терен почнуват на лето

Објавен е тендерот за избор на  надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за десетина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на  терен, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на коридорот 8, што се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој коридор, кои потенцираше – се одвиваат добро.

„Изградбата на железничкиот и патниот дел од коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти“, рече  Николоски.

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите, истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.

„Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од коридорот 8“, посочи Нупнау. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ