Мота во Лацио пристигна од второлигашот Реџана за да му биде резерва на Проведел. Но, откако првиот голман на лацијалите се повреди, тој доби шанса меѓу стативите и блесна.
Во пенал серијата тој одбрани дури четири пенали, ги фати ударите на Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кетеларе.
Во првиот меч во Рим беше 1-1, а вчера во Бергамо резултатот беше 2-2 во регуларните 90 минути, а откако немаше голови ниту во продолженијата се изведуваа пенали.






