„Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш.
Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта. Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници. Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри на ВМРО-ОКГ кои имаат и други државјанства. Ова е нечесно, лицемерно и спротивно на принципите на еднаквост и одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.
Од СДСМ нагласуваат дека ја разобличуваат оваа манипулација и презема конкретни чекори – освен Законот за влада ќе поднесат и амандмани за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да важи веднаш.
„Двојно државјанство нема да има пратеник ниту избран и именуван функционер, и тоа да важи веднаш“, инсистираат од СДСМ.






