четврток, 23 април 2026

Турција ги забранува социјалните мрежи за лица под 15 години

Турскиот парламент во средата вечер донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи за помлади од 15 години, објави турската новинска агенција Анадолу.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, а дигиталните платформи ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста, објави турскиот информативен канал НТВ.

Родителите ќе имаат алатки за контрола на времето поминато пред екраните, а во „итни случаи“ главните платформи на социјалните медиуми ќе мора да интервенираат во рок од еден час од ширењето на штетна содржина, додаде НТВ. Законот стапува на сила шест месеци откако ќе биде објавен во службениот весник, објави Анадолу.

Повеќе земји расправаат за забраната на пристапот до социјалните мрежи за лица под 15 години. Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела ги повика младите да имаат „ден без интернет“ месечно за да можат повторно да го откријат читањето или спортот, или „виталноста на реалниот живот“, пред европскиот „координативен“ состанок за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години, објави АФП.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и лидерите на 12 членки на ЕУ – Германија, Австрија, Кипар, Шпанија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Чешка и Словенија – разговараа за слично ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ