четврток, 23 април 2026

Македонските кадети се пресилни и за Грузија

Машката македонска кадетска репрезентација дојде до втората убедлива победа на Светското училишно првенство во ракомет откако триумфираше над Грузија со 46-13.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од мечот со Бугарија, денеска македонските ракометари доминираа уште од првата минути, на одморот заминаа со предност од 23-6.

Во вториот дел продолжија да го полнат голот на Грузијците до конечни 46-13.

Најдобар стрелец за нашата репрезентација беше Тома Симоновски со 15 голови, Андреј Георгиев постигна девет.

Македонските надежи утре играат против Република Српска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ