„Нивните тела беа пренесени во болницата Ал-Шифа во Газа“, се додава во соопштението, без да се наведе возраста на децата. Болницата Ал-Шифа потврди дека ги примила телата. Израелската војска изјави за Франс прес дека ги проверува информациите.
И покрај примирјето кое е на сила од 10 октомври 2025 година, Газа сè уште секојдневно е погодена од насилство, израелската армија и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.
Најмалку 786 Палестинци се убиени од почетокот на прекинот на огнот, според бројките на Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, а кое Обединетите нации го сметаат за веродостојно.
Израелската војска соопшти дека пет војници се убиени во Газа откако започна прекинот на огнот. Ограничувањата на медиумите и ограничениот пристап до Газа го спречија Франс прес независно да го потврди бројот на жртви или слободно да известува за борбите.
Сепак, ова кревко примирје значително го намали интензитетот на конфликтот во Газа што започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.






