Акцијата на МВР се спроведува во соработка со Јавното Обвинителство.
Неофицијално, новото раководство на ФФМ ги откри овие злоупотреби и податоците веднаш биле пријавени во МВР.
Сејдини беше избран за претседател на ФФМ на 18 март 2019 година, а реизбран на 14 март 2021. Во ноември 2024 година поднесе оставка.
Неговото работење беше проледење во обвинувања за бројни финансиски неправилности. Управниот одбор на ФФМ на 30 декември 2025 одлучи да покрене дисциплинска постапка против Сејдини поради сомневање за измама за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
На 10 февруари 2026 година Дисциплинската комисија на ФФМ изрече двегодишна забрана за сите фудбалски активности против Муамед Сејдини, со образложение за измама и нанесување значителна материјална штета поврзана со договорот за трибината во Охрид.
Двегодишна суспензија за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини






