четврток, 23 април 2026

Судир на возови во Данска: Повредени најмалку 17 лица, четворица во критична состојба (ФОТО+ВИДЕО)

Два локални воза се судрија челно во Данска во четврток, при што беа повредени најмалку 17 лица, од кои четворица се во критична состојба, изјавија службите за итни случаи за Ројтерс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Јавниот сервис ДР прикажа снимка од два жолто-сиви воза, и двата со видливи оштетувања на предната страна, како стојат еден спроти друг во пошумена област.

Несреќата се случила северно од Копенхаген, на железничката пруга што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп, соопшти полицијата.

„Станува збор за два локални воза кои се судриле челно“, изјави портпаролот на спасувачките служби за Ројтерс.

„Меѓу патниците има повредени. Сите излегоа од возовите, така што никој не е заробен… На местото на настанот испратени се големи сили на спасувачките служби“, додаде портпаролот.

Повредените, во меѓувреме, се пренесени од местото на несреќата со возила на итната помош и хеликоптери, соопшти противпожарната служба на мрежата Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ