среда, 29 април 2026

Германија нè бутна на третото место, мали ни се шансите за бараж

Објавено на

часот

Сподели

Денешните резултати не беа во прилог на Македонија, ние загубивме убедливо со 4-0 од Германија, а Романија ја победи Ерменија со 1-0.
 
Германија со овој триумф го завери пласманот на СП, а на второто место се качи Романија која има 13 бодови, ние и Ерменија останавме со по 12.
 
До крајот има уште две кола, но Романија има многу лесен распоред, во следното коло го пречекува Исланд, а потоа гостува кај Лихтенштајн, па мали се шансите да киксне.
 
Македонија прво гостува кај Ерменија, а потоа игра дома со Исланд. Ерменците играат со нас и Германија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ