Доцна синоќа излезе вест во англиските медиуми дека играч на Евертон е приведен поради педофилија, засега не се соопштува името на фудбалерот.
„Евертон може да потврди дека е суспендиран фудбалер на првиот тим за кој има полициска истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува авторитетите во нивните активности и во овој период нема да дава дополнителни соопштенија“, соопштија од клубот.
Случајот го потврди и полицијата.
„На 16. јули полицијата приведе 31-годишен маж поради сомнеж за педофилија. Во овој момент можеме да откриеме само толку затоа што истрагата се уште е во тек“, изјавија од полицијата.






