понеделник, 27 април 2026

Еден фудбалер на Манчестер јунајтед не е среќен со трансферот на Роналдо

Објавено на

часот

Сподели

Во последните денови од преодниот рок се случи „бомба“, Кристијано Роналдо направи трансфер во Манчестер јунајтед. Навивачите на „ѓаволите“ се среќни, побрзаа да го купат дресот на својот миленик и во првите 12 часа беа забележани рекордни бројки на продажба.

Но еден фудбалер не е задоволен од ваквиот развој на настаните, се работи за Дони ван де Бек, кој верува дека сега ќе има уште помала минутажа.

„Враќањето на Роналдо е лоша вест за нас“ – вели агентот на Холанѓанецот. „Погба често играше по левата страна, па со Роналдо во тимот, Погба ќе се врати во средниот ред и за нас тоа значи дополнителна конкуренција за место во тимот“.

Дони ван де Бек во последните денови од преодниот рок исто така се обидуваше да најде нов клуб, преговараше со Евертон но Манчестер јунајтед одби да даде зелено светло за трансфер.

„Имавме разговори со Солшер и бордот, превзедовме иницијатива да најдеме клуб и потрагата ни заврши во Евертон. Започнавме преговори со Марсел Брандс и Фархад Мошири. Во вечерните часови во понеделникот (пред крајот на трансфер пазарот) добивме повик од Солшер и клубот, ни кажаа дека нема шанси да се случи трансфер и дека Дони во вториник наутро треба да се појави на тренинг“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ