сабота, 25 април 2026

Два пати намерно ја тресеше сопствената мрежа за да им ја расипе местенката на соиграчите (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Последното коло од најсилното првенство на Гана донесе луди сцени, на натпреварот помеѓу Ашанти Голд и Интер Алајс, паднаа два смешни автогола.

При резултат 5-0 за домаќините, во 78. минута од мечот, Хашмин Муса си ја затресе сопствената мрежа. Во 82. минута, истиот фудбалер уште еднаш реши да ја шутне топката во сопствениот гол, и потоа веднаш беше изваден од игра.

По крајот на натпреварот, Хашмин Муса изјави дека намерно го сторил ова откако во хотелот слушнал како соиграчите договараат местенка и дека натпреварот треба да заврши 5-1.

Фудбалската федерација на Гана веднаш соопшти дека ќе отвори истрага. Дека има нешто сомнително, говори и четвртиот погодок на Ашанти Голд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ