вторник, 28 април 2026

Донарума конечно ќе го оствари својот сон

Објавено на

часот

Сподели

Во првото коло од Лигата на шампионите, против Клуб Бриж, на голот на ПСЖ беше Кејлор Навас. А информациите од Франција и Италија велат дека вечерва против Манчестер Сити ќе брани Џиџо Донарума.

Тоа за Донарума ќе биде прв настап во кариерата во Лигата на шампионите, нешто за кое отсекогаш сонувал.

„Сонувам да играм во Лигата на шампионите“, изјави Донарума пред неколку години.

Дури и се веруваше дека неговото продолжување на договорот со Милан ќе зависи и од тоа дали росонерите ќе изборат пласман во ЛШ. Тие ја остварија таа цел, но Донарума си замина бирајќи финансиски подобра понуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ