среда, 29 април 2026

Десеткуваниот Милан со голем пресврт против Верона, ваков старт немале од 1994 година! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милан иако имаше големи проблеми со повреди и ковид-19, успеа да освои три бода против Верона. Гостите имаа два гола предност на полувреме, Капрари го отвори резултатот во 7. минута, а Барак од белата точка донесе 0-2 во 24. минута. 

Но избраниците на Пиоли не се предадоа, Жиру погоди по еден час игра и најави возбудлив финиш. 

Кеси во 76. минута од пенал донесе 2-2, а само 120 секунди подоцна, Гунтер си постигна комичен автогол за 3-2. 

Со оваа победа, Милан има 22 бода од 8 кола, рекорд во овој дел од сезоната по 1994/95.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ