сабота, 25 април 2026

Депај: Кога имав 5 години, дедо ми ми подари дрес од Барса и ми рече дека еден ден ќе играм тука

Објавено на

часот

Сподели

Мемфис Депај стави потпис на договорот со Барселона, напаѓачот се обврза кон „каталонците“ до 2023 година и доби откупна клаузула од 500 милиони евра.

„Чест ми е да бидам тука, ми се оствари сонот. Од мали нозе сонував за ова. Сакам да им се заблагодарам на луѓето од раководството на Барселона и на мојот тим, преговорите беа долги, но на крај успешно завршија“ – рече Мемфис Депај на промоцијата.

Фудбалерот потоа раскажа како неговиот дедо предвидел дека ќе се реализира еден ваков трансфер.

„Кога имав пет години, мојот дедо ми подари дрес од Барселона и ми рече дека еден ден ќе играм за овој клуб. Жал ми е што тој повеќе не е со нас, и сега не може да ме види“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ