среда, 29 април 2026

Челси шутна еднаш во голот и стигна до три бода, Брентфорд не заслужи да биде поразен (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Челси се врати на врвот на табелата во Премиерлигата, избраниците на Томас Тухел вечерва триумфираа со 0-1 на гостувањето кај Брентфорд.

Новајлијата не заслужи да биде поразен, но ќе мора да се помири со резултатот. „Сините“ не прикажаа многу, имаа само еден шут во рамките на голот, оној на Чилвел во финишот од првото полувреме, кога левиот бек прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот.

Во последните 15 минути Челси не можеше да излезе од сопствената половина, Брентфорд силно притисна, креираше неколку добри шанси, но Менди беше инзвонреден и не дозволи да биде совладан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ