вторник, 28 април 2026

Атлетико со гол од пенал во 97. минута го победи Милан на Сан Сиро, Ливерпул ја наполни мрежата на Порто (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна одлично за Милан, росонерите поведоа со гол на Леао во 20. минута.
 
Но клучниот момент се случи девет минути подоцна кога Кеси заработи втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.
 
Атлетико Мадрид тргна силно по погодок во второто полувреме и до него дојде во 84. минута кога Гризман ја затресе мрежата на домаќините за 1-1.
 
Во судиското продолжение беше досуден пенал за Атлетико Мадрид поради игра со рака на Калулу. Најстрогата казна ја реализираше Луи Суарез за победа од 2-1.

До неочекувано убедлива победа дојде Ливерпул кој со 5-1 славеше на гостувањето кај Порто.
 
Салах и Фирмино постигнаа по два гола, еден даде Мане, голот за Порто беше дело на Тареми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ