среда, 29 април 2026

Арсенал во 95. минута се спасуваше од пораз против Кристал Палас (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал одлично го почна натпреварот, Обамејанг погоди во осмата минута за водство од 1-0.
 
Во 42. минута Мекартур можеби требаше да добие црвен картон откако крвнички го шутна Сака, но помина само со жолт.
 
По пет минути игра во второто полувреме Бентеке погоди за 1-1, а во 73. минута реализираше Едуард за комплетен пресврт и водство на Кристал Палас од 2-1.
 
Судијата покажа четири минути продолжени, но на Арсенал му дозволи да го изведе корнерот откако помина тој период. Топчиите го искористија тоа и преку Лаказет успеаа да го изедначат резултатот на 2-2 и да се спасат од пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ