сабота, 25 април 2026

Андоновски ја предводеше селекцијата на САД до убедлив триумф над Нов Зеланд

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од дуелот со Шведска, САД одигра многу подобар меч против Нов Зеланд, па селекторот Влатко Андоновски има причини за задоволство.
 
САД доминираа во текот на целиот меч, а серијата беше отворена уште во деветата минута со гол на Лавел, до крајот на првиот дел погоди и Хоран за 2-0.
 
Во 63. минута Ерцег си постигна автогол за убедливо водство на САД од 3-0, но девет минути подоцна Нов Зеланд преку Хасет намали на 3-1.

И најмалата надеж за Нов Зеланд беше убиена во 80. минута кога Прес погоди за 4-1, Морган на три минути до крајот погоди за 5-1, а конечните 6-1 ги постави Бот со автогол.

Претходно во оваа група Шведска ја победи Австралија со 4-2.
 
По две одиграни кола прва е Шведска со шест бода, по три имаат САД и Австралија, Нов Зеланд е без бодови. Пласман понатаму обезбедуваат најдобрите две од секоја група и две најдобри третопласирани од трите групи.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ