Езгјан Алиоски по крајот на авантурата во Премиерлигата, е на добар пат да замине на печелба во Саудиска Арабија.
Новинарот Педро Алмеида пренесува дека Македонецот е желба на Ал Ахли, преговорите се во напредна фаза, Езгјан Алиоски на маса има двегодишен договор и плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 1 милион евра.
#AlAhli offer 2-years contract to Ezgjan #Alioski with a salary around 1.5M€ per season and a signature bonus around 1M€. Advanced contacts between two parts. ??? #transfers https://t.co/eZoP74YF3n
— Pedro Almeida (@pedrogva6) July 24, 2021
Името на Езгјан Алиоски во последните месеци често е дел од трансфер шпекулациите. Тој имаше опција да продолжи во Лидс, но не успеа да најде заеднички јазик до раководството на „белите“ за висината на платата.
Македонецот беше мета на неколку клубови од Турција, интересот на Галатасарај беше најконкретен, пред десетина дена се пишуваше дека се е договорено, но зделката пропадна во „пет до дванаесет“.
Ал Ахли пред неколку дена донесе звучно име во своите редови и потпиша со Бразилецот Паулињо, кој пред неколку години го носеше дресот на Барселона.






