По шест сезони поминати во Наполи, Албанецот Елсеид Хисај направи трансфер во Лацио каде дојде како слободен играч.
Пракса во фудбалските клубови е кога некој нов фудбалер ќе дојде, треба да пее песна по свој избор, тоа обично се случува за време на ручек или вечера кога сите играчи се собрани во една просторија.
Хисај се реши да ја пее партизанската песна „Бела Чао“ која е за ослободувањето на Италија од фашизмот на Бенито Мусолини. Но Лацио не е вистинскиот клуб каде треба да се пее оваа песна.
Голем дел од навивачите на Лацио се поддржувачи на фашизмот во Италија, а такви се и дел од нивните легенди како Паоло Ди Канио кој заработуваше и казни поради фашистички поздрави кон трибините.
Изборот на песната предизвика лавина од реакции меѓу навивачите на Лацио кои го поддржуваат фашизмот, а беше спречен и инцидент.
Во ресторанот каде што се случуваше пеењето, навивачи од ултрас групата веднаш влегле и побарале објаснување. Таре интетрвенирал и објаснил дека песната е избрана поради серијата „Ла каса де папел“, а не поради некои политички причини. Но за да се избегнат поголем инцидент, Хисај и клубот го избришаа видеото.
Лацио беше ставен во ситуација да го поддржи фашизмот бришејќи анти-фашистичка песна на свој фудбалер.
“Hysaj”:
Perché per presentarsi ai nuovi compagni della Lazio ha deciso di intonare Bella Ciaopic.twitter.com/ca44tky5ft— Perché è in tendenza? (@perchetendenza) July 18, 2021






