Сезоната во Формула 1 имаше возбудлива завршница, Макс Верстапен во последниот круг го претена Луис Хамилтон и во директен дуел стигна до победа во Абу Даби и шампионскиот наслов.
Но завршницата беше контроверзна. Откако Латифи се заби во бариерите, на патеката излезе безбедносно возило. Во прв момент, директорот на трката одлучи дека заостанатите болиди нема да го претекнат безбедносното возило, за потоа да ја промени одлуката, и да даде зелено светло.
Сепак, спорно е тоа што безбедносното возило го поминаа само болидите помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен (Норис, Алонсо, Окон, Леклер и Фетел) а не им беше дозволено на Рикардо, Строл и Шумахер.
На Мерцедес не му се допадна ваквиот развој на настаните, па достави официјален протест за ваквата одлука.
„Сребрената стрела“ достави уште еден протест, овој е наменет лично кон Макс Верстапен. Кога безбедносното возило ќе се повлече во бокс, нема претекнување се додека не се мине стартно-целната линија. Во Мерцедес сметаат дека Холанѓанецот го претекнал Луис Хамилтон во свиокот број 12 кога на патеката имаш надмудрување помеѓу двајцата ривали.






