Ѓоковиќ е заглавен на аеродромот во Мелбурн и чека да му одобрат влез во Австралија, но засега е неизвесно дали ќе биде пуштен или вратен од властите во таа земја.
Во меѓувреме претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека тие се борат за ситуацијата да биде решена што побрзо.
„Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него и дека нашите органи на власт ги преземаат сите мерки за малтретирањето на најдобриот тенисер во светот во најбрз можен рок да биде прекинато. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина. Инаку Новак е силен, таков каков што сите го познаваме“, соопшти Вучиќ преку социјалните мрежи.





