недела, 12 јули 2026

Ворачова: Ме избркаа поради Ѓоковиќ, но сакам да му дозволат да игра

Објавено на

часот

Сподели

Ворчова во Австралија влегла пред нова година со документација за медицинско изземање. По случајот со Новак Ѓоковиќ, австралиските власти решија да ги проверат и тенисерите кои веќе имаат влезено во земјата на начинот на кој и српскиот тенисер требаше да влезе, па Ворчова е првата која настрада.
 
Од една страна ова ми се случи и поради Новак Ѓоковиќ, но мислам дека не сум единствена. Изземања од здравствени причини им се дадени на повеќе тенисери. Но, истовремено би сакала да го пуштат Новак да игра. Ние сме спортисти, дојдовме поради тенис и не се занимаваме со овдешните спорови. Ги прочитавме правилата, ги исполнивме условите, по долга постапка добивме изземања. Не гледам причина зошто да седиме затворени во хотел“, изјави чешката тенисерка.
 
За разлика од Ѓоковиќ, Ворчова реши да не се жали, таа веќе утре би требало да ја напушти Австралија.
 
„Се надевам дека Ѓоковиќ во понеделник ќе успее на судот. Но во мојот случај сè би се одложило уште неколку дена. Не сакам да губам време поради политичка војна која се води тука во кулоарите. Мислам дека федералните власти поради Ѓоковиќ најдоа дупка во прописите на државата Викторија. Сеа неговите адвокати можеби ќе најдат дупка во федералните правила“, вели Ворачова.
 
Таа во Австралија е влезена при крајот на декември, веќе има и одиграно подготвителен меч.
 
„Не сфаќам зошто би дошле за една недела и да ми соопштат: „еј тоа што важеше досега, веќе не важи“. Не се однесуваа грубо, ниту вулгарно, но некои работи не се пријатни. Се чувствувам помалку како во затвор. Најлошо се почувствував кога ми рекоа дека ќе ми ја укинат визата“.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ