вторник, 28 април 2026

Волкановски со моќен перформанс го победи Ортега и го одбрани шампионскиот појас во УФЦ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пубеликата во полната „Т-мобиле арена“ во Лас Вегас беше на страната на Брајан Ортега, но тоа не му пречеше на Волкановски кој го имаше еден од своите најспектакуларни настапи досега.
 
Ако неговиот стил на борба претходно беше оценуван како досаден, овојпат го покажа спротивното, му зададе многу удар во главата на Ортега и доминантно го победи.
 
Во третата рунда Ортега изведе два зафати кои можеа да бидат кобни за Волкановски, но шампионот успеа да се одбрани а потоа буквално го толчеше противникот.
 
На крајот судиите немаа дилеми на кој да му ја доделат победата, нивниот глас беше 49-46, 50-45 и 50-44 во корист на Волкановски.
 
Ова беше 20. ММА победа по ред во кариерата за Волкановски, неговиот вкупен рекорд е 23 победи и еден пораз.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ