Макс Верстапен и Луис Хамилтон во последната трка од сезоната влегуваат со ист број на бодови, и оној кој ќе биде поуспешен во Абу Даби, ќе стане шампион во Формула 1 во сезоната 2021.
Првиот удар го зададе Макс Верстапен, младиот Холанѓанец беше најбрз во квалификациите и утре ќе стартува од пол.
Со помош на својот тимски колега, и возењето во заветрина на правецот, Макс Верстапен постави време од 1:22.109, кое беше недостижно за конкуренцијата, па Луис Хамилтон мораше да се задоволи со старт од втората позиција.
Slingshot… engaged ✅
Verstappen and Perez pulled off a piece of aerodynamic genius during qualifying in Abu Dhabi ☄️#AbuDhabiGP ?? #F1 pic.twitter.com/CVlSeJdhsv
— Formula 1 (@F1) December 11, 2021
Утрешната трка треба да биде возбудлива не само поради тоа што лутите ривали ќе стартуваат еден покрај друг, туку и поради различната стратегија на Ред Бул и Мерцедес. Макс Верстапен ќе стартува со најмеката компонента на гуми, доде пак Луис Хамилтон со средна компонента.
Зад нив, во вториот ред ќе бидат Ландо Норис и Серхио Перез, во третиот ред се најдоа Карлос Саинц и Валтери Ботас а потоа следат Шарл Леклер, Јуки Цунода, Естебан Окон и Даниел Рикардо.






