понеделник, 27 април 2026

Верстапен спречи сензација на Расел во СПА, страшен судир на Норис (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дождот донесе возбудливи и драматични квалификации во СПА, на крајот Макс Верстапен постави најдобро време и стигна до пол-позиција. Третата сесија започна со страшен судар на Ландо Норис, кој имаше најдобри времиња во првата и втората сесија.

Младиот Британец загуби контрола на средината од „О Руж“ и со голема брзина се заби во заштитната ограда. За среќа тој не е повреден, само неговиот Мекларен претрпе голема штета.

Откако квалификациите продолжија, Џорџ Расел беше на прагот на сензација, возачот на Вилијамс имаше провизорна пол-позиција, но Макс Верстапен со својот последен круг постави најдобро време од 1:59.786.

Луис Хамилтон мораше да се задоволи со старт од второто место, каде друштво ќе му прави Даниел Рикардо.

Потоа следуваа Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Серхио Перез, Валтери Ботас, Естебан Окон и Ландо Норис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ