Макс Вестапен и Луис Хамилтон имаа страшен судир во Монца, Холанѓанецот се обиде да го претекне својот ривал во надворешниот дел на свиокот број 1 и внатрешниот дел на свиокот број 2.
Простор за ова немаше, никој не сакаше да попушти, па Макс Верстапен закачи едно тротоарче, полета во воздух и заврши врз болидот на Луис Хамилтон.
По крајот на трката стјуардите одлучија дека Макс Верстапен бил виновен за инцидентот, па го казнија и тој ќе назадува три места на гридот на трката во Сочи.
Холанѓанецот има поинакво гледшите за судирот и рече: „Не се сложувам целосно со стјуардите и казната која ја добив, верувам дека се работеше за тркачки инцидент“.






