Одлуката на Македонската одбојкарска федерација да го промени Матијашевиќ на селекторската позиција не донесе ништо позитивно, напротив играта на репрезентацијата во Тампере е разочарувачка.
Турција е посилна репрезентација од нас, но начинот на кој загубивме во вториот и третиот сет е недозволив.
Во првиот сет се носевме, но тоа беше и благодарение на Турците кои направија многу сервис грешки, тој сет го загубивме со 25-22.
Но во останатите два доживеавме тежок дебакл, во вториот освоивме 12 поени, во третиот 15.
Следниот натпревар на Македонија е утре (понеделник) против Шпанија со почеток од 16 часот.






