понеделник, 27 април 2026

Тинејџерско женско финале на УС Опен, Ема Радукану испиша историја

Објавено на

часот

Сподели

Британската тенисерка, Ема Радукану во полуфиналето ја победи Мариа Сакари со 6-1 и 6-4 и се пласира во големото финале на УС Опен.
 
Таа стана првата тенисерка во историјата која од квалификации стигнала до финале на грен-слем турнир, такво нешто не се случило ниту во машка конкуренција.
 
Радукану е првата Британка по 44 години која ќе игра грен-слем финале, последна била Вирџинија Вејд во 1977 година.
 
Радукану во финалето ќе игра против Лејла Фернандез која во понеделникот наполни 19 години. Таа во полуфиналето беше подобра од Арина Сабаленка со 7-6 (3) 4-6 6-4.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ