„Ромскиот крал“, Тајсон Фјури уште еднаш покажа дека е подобар боксер од Вајлдер, овој пат го победи во интересен меч во кој и двајцата имаа свои периоди.
Публиката во Т-мобиле Арената во Лас Вегас уживаше во тоа што го приредија двајцата боксери.
Вајлдер почна поагресивно, но првиот добар удар го имаше Фјури уште во првата рунда кога силно го потресе Американецот. Се зголеми довербата на Фјури и продолжи да доминира, во третата рунда Вајлдер беше во нокдаун, но се опорави.
Четвртата рунда му припадна на Вајлдер, Тајсон Фјури двапати се најде во нокдаун, но успеа да преживее, и гонгот го спаси.
Како одминуваше времето Фјури стануваш се подобар, во десеттата рунда уште еднаш го прати Вајлдер во нокдаун, а во 11. рунда го нокаутираш. Американецот овојпат не успеа да закрепне и падна во нокаут.